Композитни суви лизгачки лежишта


Композитните суви лизгачки лежишта првенствено наоѓаат примена во постројки кои се наменети за тешки товари, каде ротационите или осцилирачки движења се релативно бавни, како и во средини каде има зголемено присуство на прашина и во агресивни средини. Заради нивните добри лизгачки својства и компактен дизајн, овие обични лежишта се особено погодни за употреба, каде што:

  • одржување сведено на минимум-без одржување
  • постои ризик од недостаток на мазива
  • мазива не може да се користи или се забранети
  • просторот е ограничен
     

dry-sliding-1.jpg
    Пресувани сегменти и чаури за лизгачки лежишта                           Тефлонски чаури за лизгачки лежишта

Најважни карактеристики на композитните суви лизгачки лежишта се:

  • одржување сведено на минимум-без одржување
  • нема потреба од подмачкување (тефлонски композити)
  • потребно е само почетно подмачкување (термопласти композит)
  • минимална дебелина на ѕид, минимум слободен простор
  • пренесување на тешки товари
  • широк опсег на температури
  • добри лизгачки својства
  • висока отпорност на абење
  • висока отпорност на агресивни средини и корозија
  • машинска обработка не е потребна

dry-sliding-2.jpg
          Композитни лизгачки лежишта од арамидна                    Самоподмачкувачки намотани композитни чаури
             ткаенина и фенолна смола со подобрена                               наменети за употреба во хидроенергетски
        отпорност на високи температури и отпорност                                                          постројки 
                                              на абење                                                                                    

dry-sliding-3.jpg
                Композитни чаури од памучна ткаенина и                         Композитни намотани суви лизгачки лежишта,
                 фенолни смоли за лизгачки лежишта                                          отпорни на шок товари и хемикалии

Mатеријалот кој се употребува за изработка на композитните лизгачки лежишта е со подобрени својства на носивост, димензионално е стабилнен и дава одлични перформанси во мноштво на примени, користејќи вода како подмачкувач, или повеќе конвенционални масла или масти. Ниската апсорпција на вода овозможува намалување на зазорите во лежиштата и обезбедува подобрени електро изолациони својства.

Овој материјал се користи за широк спектар на лежишта кои наоѓаат примена во тешки услови на работа, пр. морски лежишта подмачкувани со вода, лежишта од миксери, лежишта за валалнички строеви во железарници и многу други компоненти кои работат во услови на течни флуиди.

Овие лежишта се користат и во тешки услови на експлоатација, каде нема подмачкување, пр. земјоделска механизација.

Композитните лизгачки лежишта работат тивко, отпорни се на корозија и ретко е потребно нивно дополнително запечатување.

Стандарниот спектар на композитни лизгачки лежишта е многу голем и ги опфаќа речиси сите стандардни големини.