Балистички шлем ACH


Современиот борбен балистички шлем (ACH) базира на MICH (модуларен интегриран комуникациски шлем) дизајн и претставува подобрен војнички шлем.

Борбениот шлем обезбедува напредна балистичка, фрагментациона, и заштита на главата од удар, со ненадмината удобност за долгорочна употреба. Нискиот профил на шлемот не ја намалува безбедноста на корисникот и овозможува зголемена видливост за забележување на опасностите , а обезбедува и компатибилност со поставување на NVGs (Уреди за ноќно гледање), CBRN (хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни) гас-маски, и комуникациски уреди. Внатрешната опрема за суспензија (амортизација) се состои од влошки кои се подесуваат, која овозможува дотерување спрема големината на главата на корисникот и одличнен комфор при носењето на шлемот. Влошките се поставени за рамномерно распоредување на тежината на шлемот на главата и за поголема удобност. Корисникот може едноставно да ја промени положбата на влошките за апсорпција.

Шлемот ACH овозможува корисникот да има максимална чувствителност на надворешните влијанија. Ова вклучува непречено поле на видик и зголемување на чујноста на звуците во околината. Ременот за затегнување е подесив и заедно со апсорбционите влошки обезбедува ненадминат баланс, стабилност и удобност. Системот овозможува подесување на големината и вентилација. Системот на шлемот ACH обезбедува заштита од удар во текот на сите оперативни сценарија, вклучувајќи и статички и падобрански операции.

Работ на школката е намален во споредба со шлемот за копнени трупи и падобранци. Ова им овозможува на корисниците подобра ситуациона прегледност преку подобрување на полето на видик и слух. Школката обезбедува балистичка заштита. ACH има 8 проценти помала површина од шлемот за копнени сили, а поголемиот дел од материјалот е отстранет од предната страна, со помало кратење од двете страни. Ништо не е отстрането од задната страна на шлемот.

 

      Регуларно кратење                             Средно кратење                           Високо кратење
helmets-cut.jpg

 

Балистичка заштита

ACH шлемот е во состојба да ги задоволи барањата на Стандандардот NIJ 0106.01 - ниво II и IIIA како и специфичните барања на:

Фрагментациона заштита

Заштита против фрагменти од V50 ≥ 450м/сек (1450 ft/sec) ÷ V50 ≥ 650m/sec (2150 ft/sec) според Stanag 2920 (17gr FSP) и Американскиот стандард MIL STD 662F.

Боја

Стандардна боја е црна, морнарско сина, маслинесто зелена и кафена. Повеќе други бои се достапни со посебна порачка, вклучувајќи и IRR завршна боја.

Додатоци

Додатоците вклучуваат: балистички визир, визир против фрагменти и визир против немири. Заштита за вратот. Разни опции на системи на влошки, покривки за шлемот, торбици за носење и значки или обележја. Многу висока фрагментациона заштита со V50 и над 2150 ft/sec (650 m/sec.)

 

helmets-ach-01.jpg


helmets-ach-02.jpg

Стандардните шлемовите, нормално се испорачуваат во средна големина. Специфични големини и форми се со нарачка и се достапни ако е потребно.

Заштита

V50 > 650 m/s (STANAG 2920),
Level IIIA (NIJ 0106.01)

Тежина

1350 ±50 гр

Големина

Прилагодлива, универзално прилагодлив систем, значи одговара на сите големини

Основен материјал

Арамид

Гаранција за балистичкиот материјал

5 години

Внатрешна опрема

Апсорбира удар; прилагодлива

Боја

Според барање

Заштитник за лице

Опционално

 

Боја :

helmets-ach-03.jpg
                 Лист зелена       Маслинесто зелена           Црна                Море Сина              Кафена

 


Обележување

Сите балистички шлемови ќе бидат обележани со строго почитување на барањата за обележување утврдени во NIJ 0106.01 стандардот.

Означувањето го вклучува следното: име на производителот, ниво на заштита, датум на изработка, големина, сериски број, модел на шлем и број на серија.

Ниво на заштита
NIJ 0106.01

Фрагменти
V50 (1.1 g)
Stanag 2920

 

Тип на куршум

Тежина на

куршум (г)

Референтна
брзина (м/с)

II 450 м/с 9mm Luger FMJ RN 8.0 398
.357 Magnum JSP 10.2 436
III A 650 м/с .44 Magnum SJHR 15.6 436
9 mm PARA FMJ RN 8.2 436
7,62x25 Tokarev FMJ 8.5 445