Компоненти за пресување – Прес Материјали


moulding-compounds-1.jpg
             Октоестер                 Октокарбофен          Октокарбофен,Октофен,        Октофен 9V

moulding-compounds-2.jpg
                                                     Производи од прес маси

ОКТОЕСТЕР

Октоестер-от е полиестерска прес – маса (премикс), во која како сврзувачко средство се користи незаситена полиестерска смола, умрежувач е стирен, а полнители се различни неоргански прашкасти материјали и сецкани стаклени влакна. Основната класификација на Октоестер е направен од страна на DIN 16911 и постојат два типа: тип 801 (стандарден) и тип 803 (самогасив). Комерцијалните називи на овие производи во Еурокомпозит се Oктоестер 11 и Oктоестер 11S. Стандардната боја на Oктоестер-от е бела, а по барање на клиентите би можело да се произведи и во други бои.

Примена
Oктоестер 11 и Oктоестер 11S се применуваат за изработка на технички конструктивни делови во многу подрачја на електротехниката, машинството, хемиската и автомобилската индустрија, градежништвото и за изработка на технички производи за широка потрошувачка

Во случај на пожар, производот не се топи, ниту пак се формираат капки, ниту се генерира претерано чад . Материјалот се пресува во загреани челични калапи. Препорачливо е да се работи со хромирани алати. Производот не содржи халогени елементи.
 

Преработка: Услови на пресување
 1. Директно пресување  1. Температура 150 - 155°C
 2. Трансфер пресување  2. Притисок……5 - 10 N/mm²
 3. Инјекционо пресување  3. Време…..40 - 50 sec/mm

ОКТОФЕН 9V

Прес материјалот Октофен 9V(Терморегулационен пластичен материјал за пресување на диелектрични детали) е изработен на база модифицирана фенол-формалдехидна смола (резолен тип) како сврзувачко средство, а полнител е без алкално стаклено влакно.

Изглед: гранули со неправилна форма со должина 2-10 mm и пресек 5-10 мм, бојата е светло до темно жолта. Големина на гранули може да се менува според барање на купувачот.



Оваа маса за пресување, по своите карактеристики, одговара на стандардот GOST 20437-89.

Примена
Октофен 9V се применува за изработка на конструктивни и електроизолациони делови со зголемена цврстина, како и за изработка на делови за термичка заштита на ракетни мотори и др. Деловите изработени од оваа прес маса се стабилни во температурниот интервал од -60°C до +200°C, како и во услови на тропска клима. Прес-масата Октофен 9V е погодна за директно и трансфер пресување на делови.

Преработка Услови на пресување
 1. Директно пресување  1. Температура150 ±5 °C
 2. Трансфер пресување  2. Притисок…...30-50 N/mm²
   3. Време…..........60 -75 sec/mm

ОКТОФЕН MB-N (трговска ознака PF-MB-7261)

Oктофен MB-N претставува фенол-формалдехидна прес-маса, во која како врзувачко средство се користи фенол-формалдехидна смола (новолачен тип), а полнител е без алкално стаклено влакно и минерално брашно. Стандардна боја на Okтофенот MB-N е бела до светло кафена. Пред пресување, препорачливо е да се изврши таблетирање на прес-масата.

Примена
Okтофенот MB-N е погоден за изработка на електро изолациони делови со зголемена цврстина, како и за изработка на делови за термичка заштита. Деловите изработени од оваа прес маса се стабилни во температурниот интервал од -30°C до +130°C, како и во услови на тропска клима.
Преработката и условите на пресување на оваа прес-маса се исти како и кај Октофенот 9V.


ОКТОКАРБОФЕН (трговска ознака PF-CV)

Октокарбофенот претставува фенол-формалдехидна прес-маса, во која како врзувачко средство се користи фенол-формалдехидна смола (резолен тип) со специјални аблативни карактеристики, а како полнител се користат карбонски влакна. Стандардна боја на Октокарбофенот е црна. Пред пресување, препорачливо е да се изврши таблетирање на прес-масата. Содржината и должината на карбонските влакна може да се усогласи со купувачот.

Примена
Октокарбофенот се применува за изработка на конструктивни делови со зголемена цврстина, како и за изработка на делови за термичка заштита на ракетни мотори и др. Елементите изработени од оваа прес маса се стабилни во температурниот интервал од -60°C до +1500°C, како и во услови на тропска клима.

Пресување Услови на пресување
 1. Директно пресување  1. Температура 150 ±5°C
   2. Притисок…...30-80 N/mm²
   3. Време…..........60 -75 sec/mm

Ние изработуваме различни пресувани делови, на следните хидраулични преси:

moulding-compounds-3.jpg

  •  
  • 100 t, со отвор за алатот од 340 x 500 mm
    200 t, со отвор за алатот од 630 x 680 mm
    400 t, со отвор за алатот од 900 x 1000 mm.
  •  

 

 

 

 

 

 

Кликнете тука за да ги погледнете Техничките карактеристики на Компонентите за пресување pdf-icon.png