МОДИФИЦИРАН ОКЛОПЕН ТРАНСПОРТЕР "ХЕРМЕЛИН" TM 170


Во 11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп, извршена е модификација на возилото ТМ-170 со купола тип МЗА, на кое што не беше вградено оружје.

Модификацијата е извршена во соработка со Секторот за логистика во Министерството за одбрана - Одделение за развој на ВВО, при што се водеше сметка за задоволување на појдовните тактичко-технички барања, за зголемување на огнената моќ и тактичките карактеристики на транспортерот. Во возилото вградено е следното вооружување и опрема:

hermelin-01.jpg

1. Митралез "PKT" 7,62мм кој што користи стандардна муниција 7,62x54R. Истиот може да дејствува во опсег од 360o во хоризонтална рамнина и во елевациони агли од -10o до +60o (степени).

2. Над куполата од возилото во висина од 410мм над перископите вградена е балистичка заштита како комбинација на челик, керамика и композитни материјали, со што е постигнато зголемување на постојната заштита на посадата и војниците од дејство на стрелачка муниција, при што:

  • Вкупната заштитна површина над куполата изнесува 0,7 м2.
  • Монтираната балистичка заштита овозможува заштита од стрелачка муниција со калибар 12,7мм, како и послаби калибри како 30-06; 7,62x51; 7,62x54R; 7,9x57; 7,62x39; 5,56x45 (панцирно зрно API).

3. На носачот од митралезот вградено е светло кое обезбедува дејство на набљудување на растојание до 400м, во опсег од 360o во хоризонтална рамнина и елевационен агол од -10o до +60o (степени).

4. На десната страна на возилото, на место кое овозможува непречено полнење, монтирани се три фрлачи на чадни гранати од типот 902B "TUCHA", под агол од 45o во однос на хоризонталната рамнина, заради добивање на максимална далечина на истреланите чадни гранати. Чадната завеса се формира на далечина од 200-300м и трае 1 до 2 минути

5. Возилото е комплетно офарбано во маскирна нијанса

hermelin-02.jpg