МОДИФИКАЦИЈА НА ОКЛОПНО ВОЕНО ВОЗИЛО HMMWV-M1114 "HUMVEE"


humvee-1.jpg

На барање на Министерството за одбрана на Република Македонија, во компанијата 11 Октомври - Еурокомпозит АД Прилеп, направена е модификација на возилото HMMWV-M1114 вклучително и производство на адекватна поддршка за различни типови на митралези, како што се: BROWNING калибар 12,7мм, MG3 калибар 7,62мм, M84 калибар 7,62mm, како и предна балистичка заштитна плоча која овозможува функционалност на горенаведените вооружувања, како и заштита на подрачјето на куполата против жичани препреки на патот. При извршувањето на процесот на модификација, се водеше сметка за задоволување на основните тактичко -технички барања на возилата и на зголемување на огнената моќ и запазување на карактеристиките на возилото.
На возилото извршена е следната модификација:

Модификацијата го вклучува следното:

 

humvee-2.jpg 1
Изработен е носач за митралез Browning калибар 12,7мм со адаптер кој овозможува лесно и брзо монтирање на возилото. На носачот се монтира митралезот, кој заедно со куполата овозможува дејство од 0÷3600 по хоризонтала и елевација од -180 до +600 по вертикала.


humvee-3.jpg 2
Изработен е носач за митралез MG3 калибар 7,62mm кој што преку вградениот универзален адаптер лесно и брзо се вградува на возилото. На носачот се монтира митралезот, кој заедно со куполата овозможува дејство од 0÷3600 по хоризонтала и елевација од -180 до +600 по вертикала.


humvee-4.jpg 3
Изработен е носач за митралез M84 калибар 7,62mm кој лесно и брзо се поставува и вади од возилото. На него се монтира митралезот, кој заедно со куполата овозможува дејство од 0÷3600 по хоризонтала и елевација од -320 до +470 по вертикала.


humvee-5.jpg 4
Изработена и монтирана предна заштитна плоча со ниво на заштита III според NIJ 0101.04 (7,62x51 FMJ зрно со маса 9,7 г. и брзина 847m/s) како комбинација од челик и полиетилен. Заштитната плоча овозможува вградување и функција на сите погоре спомнати митралези..


humvee-6.jpg 5
Изработена е и вградена заштита на куполниот простор против жичани препреки на патот. Заштитата овозможува премостување на поставена жица (сајла) на патот преку главата на нишанџијата.