Повеќенаменски заштитни шлемови


Повеќенаменските заштитни шлемови (индустриски, електроизолациони, пожарникарски, рударски, за градежништво и др.) наменети се како средство за лична заштита на главата од: пад на разни предмети, од удари со главата во рудници, железарници, на градежни објекти, во подземни простории, при експлоатација на шуми, при минирање, од случаен допир на кабел со електрична струја и слично.

Главни карактеристики на повеќенаменскиот заштитен шлем се:

  • Маса на шлемот ................................................. < 500 гр.
  • Абсорпција на удар: при удар со ударач со сверична површина и маса од 5 кг., од висина 1м, силата која се пренесува на главата на корисникот на шлемот не е поголема од 5kN
  • Отпорност на пробивање: при удар со челичен конусен ударач со маса од 3 кг., и агол на врвот од 600, од висина 1000 мм во темето на шлемот, не доаѓа до допир на ударачот со главата на корисникот на шлемот.
  • Бочна крутост: максималната бочна деформација не е поголема од 40мм., додека трајната деформација не е поголема од 15мм.
  • Отпорност спрема пламен: материјалот на калотата не гори со емитување на пламен. По 5 секунди од отстранувањето на пламенот, материјалот се гаси.
  • Електроизолациони својства: отпорност на напони до 440V, со можност за изработка и за напони до 1000V.
  • Квалитет на боење: спрема стандардот DIN 4890

Најчесто употребувани бои се: бела, жолта, портокалова, а може и по барање на купуваот.

Сите видови шлемови се опремени со обемен амортизер, кој е во допир со главата и истиот може да се прилагодува спрема големината на главата.

Шлемот ги задоволува барањата на стандардот EN 397:2012.

1. Идустриски заштитни шлемови ISH

Овие шлемови се наменети за лична заштита на главата од предмети кои паѓаат или од удар со главата во фабрички простории, железарници, градежни објекти, при експлоатација на шуми, при минирање во каменоломи, при работа во подземни ниски простории и сл. Ги изработуваме во две варијанти: без визир за заштита на лицето и со визир за заштита на лицето.

safty-helmets-1.jpg
                                                                          Индустриски заштитни шлемови

safty-helmets-2.jpg
                                                                   Индустриски заштитни шлемови со визир


Eлктроизолациони заштитни шлемови ISH/E

Служи како средство за заштита на горниот дел од главата од допирен напон на електрична енергија до 440V. Школката на шлемот е со електроизолациони особини, без странични отвори за вентилација, со посебна ознака за заштита од напон до 440V. На посебно барање од купувачот, може да се изработи шлем за заштита од напон до 1000 V.

 

safty-helmets-3.jpg


3. Пожарникарски заштитни шлемови ISH/P

Овој шлем е произведен за да овозможи заштита на главата и вратот на пожарникарот при работа во место со оган или опасна ситуација. Овозможува заштита од висок интензитет на електрични празнења, од висока температура, од отворен пламен, како и од паѓање на запалени предмети врз главата и вратот на корисникот.
Тежина на шлемот: 1,1кг (вклучувајќи го визирот за заштита на лицето и заштитникот за вратот).

safty-helmets-4.jpg


4. Рударски заштитни шлемови ISH/R

Овие шлемови служат за заштита на горниот дел од главата од паѓање на разни предмети и удар со главата во тавани и греди во рударските окна. На школката на шлемот има вградено држач за светилка и носач за кабел, со што се овозможува работа со шлемот во темни простории и рударски окна.

safty-helmets-5.jpg


5. Заштитни шлемови за работа во градежништво ISH/G

Овие заштитни шлемови, наменети се како средство за лична заштита на главата од пад на разни предмети и од удари со главата во разни предмети при изведување на работи на градежни објекти, при изведување на монтажни работи и сл.

safty-helmets-6.jpg