Ракетен фрлач RBR 90mm M79 - ОСА


 

Rocket-launcher-RBR-90mm-M79-OSA.jpg
                                Ракетен лансер                                             Ракетен контејнер                       

Rocket-launcher-RBR-90mm-M79-OSA-A.jpg
                                                                      Ракетен проектил

Ракетниот фрлач 90mm M79 - ОСА е оружје кое се користи за блиска борба против оклопни возила и бункери. Тоа е пешадиско безтрзајно оружје наменето за повеќекратна употреба, кое може ефикасно да се користи за уништување на оклопни возила во движење на растојание до 350м и за уништување на стационирани цели, живи цели и огнени средства во бункери и други утврдени објекти на далечина до 600м.

Rocket-launcher-RBR-90mm-M79-OSA-B.jpg

Според конструкцијата и намената РФР 90мм M79 (Рачниот фрлач на ракети) сличен е на францускиот LRAC F1 “pitcher”. Системот M79 се состои од рачен ракетен лансер, проектил во контејнер и резервен алат и прибор. Рачниот ракетен лансер се состои од цевка направена од зајакнати стаклени влакна, механизам за опалување, оптички нишан со 4х зголемување, механички нишани, наслон за рамо, ремник за носење и поклопци на лансирната цевка.

Контејнерот со ракета пред лансирањето рачно се поставува на задниот дел на лансерот (во продолжение на лансирната цевка). Ракетата се состои од кумулативна боева глава која продира 400мм хомогена челична плоча, тело во кое е сместено ракетното полнење и крилца за стабилизација на проектилот - сместени на задниот дел од ракетата. Кумулативното полнење е со пиезоелектрична запалка која е многу осетлива, се активира на најмал агол од 20 степени. Ракетниот мотор обезбедува почетна брзина на ракетата од 250 m/s. Максималниот домет на проектилот е 1960m, а ефективниот домет е 600 метри при максимална брзина на испалување - 5 ракети во минута.

Кумулативната боева глава на проектилот 90 mm не може да навлези во предниот оклоп на современите тенкови, но РФР 90мм М79 поради неговата едноставност, сигурност, точност и релативно мала маса се уште претставува многу ефикасно средство за уништување на утврдени објекти и лесни оклопни возила. Со развојот и воведување на тековното вооружувањето, проектилите 90mm ќе станат универзална, сигурна и ефтина алатка за поддршка на пешадијата.

 

Технички карактеристики:

Калибар

90 мм

Вкупна маса

11,2 кг

Маса на Лансерот

6.2 кг

Маса на контејнерот

1.5 кг

Маса на ракетата

3.5 кг

Должина во борбена положба

1910 мм

Должина на контејнерот

735 мм

Должина на ракетата

672 мм

Брзина на ракетата

250 м/с

Домет, максимум

1960 м

Пробивање

400 мм

Брзина на опалување

5 ракети/мин