Ракетен фрлач РФР 120мм M90


 

Rocket-launcher-RBR-120mm-M90.jpg
                                                               Ракетен проектил

РФР 120мм M90 - рачен фрлач на ракети е оружје за стрелање од рамо, дизајнирано за напад на современите борбени тенкови од сите агли, вклучувајќи и фронтален напад.

РФР М90 120мм ракетниот фрлач е наменет за еднократна употреба, мобилен лансер кој испалува високо експлозивен противтенковски проектил кој се движи на траен импулсивен погон. Ракетата се испорачува вметната во лансирната цевка изработена од композитни материјали и зајакната пластика. Механизмот за опалување и ургентните отворени нишани се фабрички наместени на лансерот. Може да се постави и ноќен нишан. Металните делови се направени од алуминиумска легура. Боевата глава, исполнета со обликувано полнење од флегматизиран октоген (HMX) се испалува со запалка базирана на пиезо – електричен ефект. Заштитната пиротехничка направа за одложено палење, овозможува заштита на врвот на цевката на далечини од 8 до 15 метри. Исто така, гарантира самоуништување на ракетата во случај на промашување на метата по 4 до 6 секунди лет.

 

Технички карактеристики:

Калибар

120 мм

Вкупна маса

13.00 кг

Маса на лансерот

5.70 кг

Маса на ракетата

7.30 кг

Должина во борбена положба

1300 мм

Ефективен борбен домет

250 м

Максимален домет

1960 м

Брзина на ракетата

205 м/с

Пробивање

>800мм