Ракетен фрлач РФР 64мм M80 - ЗОЉА


 

Rocket-launcher-RBR-64mm-M80-ZOLJA.jpg
                                       Launcher                                                         Rocket projectile

Rocket-launcher-RBR-64mm-M80-ZOLJA-action.jpg

 

Ракетниот фрлач РФР 64мм M80 - ЗОЉА е безтрзајно пешадиско оружје предвидено за еднократна употреба, наменет за уништување на подвижни и неподвижни оклопни возила на далечина до 250m и за уништување на неподвижни цели на далечина до 400m. Изработен е како телескопски тип, заради полесен транспорт. Лансерот се состои од предна и задна цевка (која потполно се вовлекува во предната) изработени од зајакната пластика, механизам за испалување, преден и заден нишан, ремен за носење, преден и заден поклопец кои служат за заштита од надворешни влијанија и прашина во текот на транспортот. Благодарение на телескопската конструкција, димензиите на фрлачот се знатно помали во маршевска положба отколку во борбена положба. Преминот од маршевка во борбена положба е многу едноставен и трае неколку секунди.

 

Противтенковската ракета со калибар 64mm се наоѓа во задниот дел на фрлачот. Ракетата се состои од експлозивна боева глава, стабилизатор со крилца и ракетен мотор.

 

Боевата глава M80 има потенцијал да пробие хомогена челична плоча со дебелина 300мм под агол од 90-степени. Боевата глава може да биде изработена со контактен или со пиезо електричен детонатор. Во ракетата е вграден механизам за самоуништување, кој овозможува нејзино самоуништување, доколку не ја погоди целта за време од 4 до 6 секунди лет. Ракетното погонско гориво согорува додека ракетата е во цевката, при што ракетата при излезот од лансерот има брзина од 190м/сек. Оваа брзина гарантира дека ракетата ќе ја погоди целта со висина 2,5м на далечина од 250 метри.

Технички карактеристики:

Калибар

64 мм

Вкупна маса

3.00 кг

Маса на Лансерот

1.58 кг

Маса на ракетата

1.42 кг

Должина во маршевска положба

860 мм

Должина во борбена положба

1200 мм

Пробивање

300 мм

Максимален домет

1280 м